Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Неофицијално: Падна инспекторка од АХВ – барала пари за да издаде позитивен записник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarylae33lg0it516db9SyX

Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство е приведена во полициска акција во Скопје под сомнение дека барала пари за да издаде позитивен записник при вршење инспекциска контрола, дознава неофицијално „Скопје1“ од извори во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според информациите на „Скопје1“, инспекторката се сомничи дека ги користела службените овластувања за да прибави лична корист.

Сомнежите се дека при вршење контрола барала да ѝ биде доставена документација која, според нашите извори, не била потребна за конкретната постапка.

— реклама —

Потоа, како што неофицијално дознаваме, издавањето позитивен записник го условила со исплата на одреден паричен износ.

— реклама —

По преземените полициски дејствија, инспекторката е приведена.

Засега нема официјални информации за висината на наводно побараниот паричен износ, ниту за точната правна квалификација на делото за кое се сомничи.

— реклама —

„Скопје1“ очекува официјални информации од Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство за деталите од акцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0oouagb85tdtekGapTv

Уапсена инспекторката од АХВ која земала поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryo9l2gp40t10g2U8Wwyj

Инспекторка од АХВ земала 250 евра за да издаде позитивен записник

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања