Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Инспекторка од АХВ земала 250 евра за да издаде позитивен записник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryo9l2gp40t10g2U8Wwyj

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена за кривично дело „примање поткуп“.

— реклама —

Според Обвинителството, осомничената, во својство на службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември побарала и примила 250 евра од управител на правно лице.

— реклама —

Парите, според наводите на ОЈО, биле побарани за инспекторката да изготви записник во кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека при контролата не биле утврдени неправилности во работата на објектот, односно дека биле исполнети потребните процедури.

— реклама —

Поради опасност од бегство, можност за влијание врз оштетениот и неговиот исказ, како и ризик од повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор.

Истрагата продолжува согласно со законските процедури.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0oouagb85tdtekGapTv

Уапсена инспекторката од АХВ која земала поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarylae33lg0it516db9SyX

(Фото) Неофицијално: Падна инспекторка од АХВ – барала пари за да издаде позитивен записник

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања