Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Уапсена инспекторката од АХВ која земала поткуп за да прикрие неправилности во угостителски објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library0oouagb85tdtekGapTv

Вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство е лишена од слобода и кривично пријавена под сомнение дека побарала и примила 250 евра поткуп за да прикрие утврдени неправилности при инспекциски надзор.

— реклама —

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднел кривична пријава против Д.М. (42) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1 од Кривичниот законик.

— реклама —

Пријавената, која била вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство како државен инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември извршила редовна контрола во угостителски објект.

Според МВР, таа побарала 250 евра за да изготви записник во кој ќе наведе дека при инспекцискиот надзор не биле утврдени неправилности во работењето на правното лице.

— реклама —

Иако, според пријавата, била запознаена дека објектот не ги поседувал процедурите за добра производна храна и добра хигиенска пракса, инспекторката на 25 септември го примила договорениот износ, а потоа му го предала на оштетениот записникот од извршениот инспекциски надзор.

Од МВР информираат дека за случајот е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo9l2gp40t10g2U8Wwyj

Инспекторка од АХВ земала 250 евра за да издаде позитивен записник

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-librarylae33lg0it516db9SyX

(Фото) Неофицијално: Падна инспекторка од АХВ – барала пари за да издаде позитивен записник

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања