Промени тема
Контакт

(Фото) Ниту моторџиите не се „невидливи“ за камерите: „Безбеден град“ почна да ги казнува и моторите, ги лови задните таблици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarym30rofrhld2220GP5jD
Инфо сообраќај / вибер

Системот „Безбеден град“ почна да евидентира прекршоци и кај мотоциклистите, а првите известувања за казни покажуваат дека камерите можат да ја регистрираат и табличката поставена на задниот дел од моторот.

— реклама —

Од фотографиите од материјалот за прекршок се гледа мотоцикл снимен од една позиција, при што системот ја издвојува зоната во која се наоѓа задната регистарска табличка.

— реклама —

Тоа е особено значајно кај мотоциклите, бидејќи за разлика од автомобилите, регистарската ознака најчесто е поставена само од задната страна.

media-libraryurj8b4tdnsk57mtjxgX

На доставените снимки до сопственикот на возилото се гледа дека системот го следи движењето на моторот и генерира фотографски материјал што се користи во постапката за регистрираниот сообраќаен прекршок.

— реклама —

Со ова практично се потврдува дека мотоциклистите не се изземени од автоматското санкционирање преку „Безбеден град“ само затоа што немаат предна регистарска табличка.

Системот во изминатиот период сè пошироко се користи за автоматско евидентирање сообраќајни прекршоци, меѓу кои брзо возење и минување на црвено светло, а фотографиите од првите случаи кај мотоциклите покажуваат дека камерите можат да работат и со задната регистарска ознака.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz

Камерите на „Безбеден град“ ќе ловат нов прекршок со помош на вештачка интелигенција

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-librarys3mslbj8n2bn6k1tHJM

„Безбеден град“ почна да снима прекршоци и во Велес

Македонија | пред 3 седмици

media-library2hjl356e3oicfajUMMW

И втор странец уапсен на Табановце: возел со двојно поголема брзина, фатен е на „Сејф сити“

Македонија | пред 1 месец

media-library7spobjbn0bhlf1UKtSF

„Почитувам правила, зошто да чекам пет часа?“: Наплатата на казните на Табановце предизвика бурни реакции

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања