Известување за потрошувачи од компанијата „Луколил Македонија“ се појави на социјалните мрежи, а со кое се ограничува точењето на дизел, трактори, автобуси. Ова се случува во период кога граѓаните и онака се во паника дека цените драстично ќе се покачат веќе од вторник, бидејќи секој понеделник Регулаторна комисија ги утврдува новите цени на дериватите.
Според известувањето, врз основа на одлука за привремено ограничување на продажбата на дизел гориво – Евро дизел БС и ЕКТО дизел – за камиони, трактори и автобуси е ограничена на најмногу 50 литри. Граѓани пак, кои со автомобили биле на пумпите, посочуваат дека не биле ограничени колку гориво да наточат.
Во документот се наведува и дека е забрането точење гориво во садови, односно туби и канистри, кои не ги исполнуваат пропишаните безбедносни стандарди.
Ограничувањето, како што стои во известувањето, не се однесува на возила кои точат гориво согласно склучени договори со ЛУКОИЛ Македонија.
Од компанијата наведуваат дека мерката се воведува како дел од, како што се наведува, општествено одговорното работење и со цел еднаква заштита на интересите на сите потрошувачи.
На известувањето има печат од подружницата „Б.С. Прилеп 004“, која според податоците на нинвниот веб-сајт се наоѓа на патот Прилеп-Битола, на влез од градот.
„Скопје1“ испрати прашања до компанијата дали ова известување е пратено до сите подружници, зошто се решиле на ограничување на точење на дизел два дена пред да стапат на сила новите цени, но и дали компанијата очекува да се „збогати“ доколку ја сочува нафтата и ја продава по новите цени од Регулаторна. На прашањата очекуваме одговор, како и официјален став за ова објавено извстување
Вчера, премиерот Христијан Мицкоски уверуваше дека инсппекциските служби се на терен, бидејќи ограничување на продажбата или затворање на пумпи, граѓаните јавуваат дека се случува и кај други компании.
(Видео) Дека бензиските не точат гориво дознал и Мицкоски, инспекторите на терен: Владата ќе интервенира ако цените драстично пораснат
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека во државата има доволно нафта и нафтени деривати и дека граѓаните не треба да бидат загрижени поради информациите за можен недостиг или ограничувања на бензинските пумпи.„Имаме доволно нафта и нафтени деривати во државава. Граѓаните треба да бидат спокојни. Цените кај нас се драматично поевтини. Ако во Србија е 100 денари, кај нас е 70 и нешто. Доколку има драматичен скок на цената, ние како Влада на редовната седница ќе интервенираме, дали ќе намалиме данок или акциза, ќе застанеме во одбрана на стандардот на граѓаните“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека надлежните институции веќе постапуваат по информациите за евентуални неправилности на бензинските станици.„Државниот инспекторат е на терен. Секое девијантно однесување ќе биде санкционирано“, рече премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за поплаките од граѓани дека на одредени бензински пумпи не се точат деривати или се чекаат нови цени.
Македонија | пред 1 седмица