Надгробниот споменик на британската кралица Елизабета Втора вчера е официјално откриен во дворецот Виндзор, пет дена по нејзиниот погреб, соопшти Бакингемската палата.
Елизабета Втора е погребана во гробницата на Џорџ Шести, именувана по таткото на кралицата, кој почина во 1952 година.
Во таа гробница се посмртните останки на нејзините родители и принцот Филип, сопругот на Елизабета, кој почина во 2021 година. Исто така во таа гробница се наоѓа и урната на нејзината сестра Маргарета.
Споменикот на кралицата е рачно направен од белгиски црн мермер со букви од месинг букви, „за да се усогласи со другите споменици во гробницата”, соопшти Бакингемската палата.
Елизабета Втора (96) почина на 8 септември во Шкотска по повеќе од 70 години владеење. Таа беше погребана на 19 септември. Новиот крал е Чарлс Трети, нејзиниот најстар син.
https://twitter.com/RoyalFamily/status/1573732488869986306?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1573732488869986306%7Ctwgr%5Eb3a76d13cda2fe6e86d39b95ef866cef0ae220d2%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Ffoto-oficijalno-otkrien-nadgrobniot-spomenik-na-elizabeta-vtora%2F