Кога си толку познат како кралицата Елизабета, никој не треба ни да го знае твоето презиме. Знаеме дека припаѓа на династијата Виндзор, но дали некогаш сте се запрашале кое е презимето на британскиот монарх со најдолг стаж?
За да ви дадеме адекватен одговор, мора да се вратиме далеку во минатото, кај нејзината прабаба, кралицата Викторија. Таа беше последната од династијата Хановер. Кога се омажила за принцот Алберт од Германија, го зела презимето на неговата куќа - Фон Саксобурготски и Гота. Сепак, нивниот внук Џорџ V, кој го наследил тронот во 1910 година, решил да го промени ова поради зголеменото антигерманско расположение во пресрет на Првата светска војна.
Кралот го свикал Парламентот во 1917 година и тогаш било одлучено да се одземат германските благородни титули на сите членови на династијата. Новото презиме е избрано поради традиционалната поврзаност на англиското благородништво и народот со стариот замок во Виндзор.
Кралицата е родена како Елизабета Александра Мери Виндзор. Првото име го добила по нејзината мајка Елизабета, второто по нејзината прабаба Александра, данската принцеза, а третото по нејзината баба, познатата кралица Мери. Кога се омажила за принцот Филип во 1947 година, го додала неговото презиме - Маунтбатен, кое потекнува од германската куќа Батенберг. Значи, целосното име на неодамна починатата британска кралица беше Елизабета II Александра Мери Виндзор-Маунтбатен. Ова презиме го носат и нејзините деца.