Промени тема
Контакт

(Фото) Пожар во НП Маврово, зафатени 18 хектари шума

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library4qlmhm874tgr6Ise1SA

Вчера, во 16:30 часот бил забележан пожар на територијата на Националниот парк Маврово, кој зафатил површина од околу 18 хектари. Оттаму информираат дека била опожарена дрвна маса на поединечни стебла од јавор, цреша, слива, како и квалитетна букова шума.

„Благодарение на брзата реакција и големата посветеност на службата за заштита на природата, пожарот беше локализиран во 23:00 часот. Интервенцијата продолжи и во раните утрински часови, од 04:00 до 08:00 часот наредниот ден, кога пожарот беше целосно изгаснат.

— реклама —

Нашите тимови работеа непрекинато со цел да спречат негово повторно активирање и ширење, заштитувајќи ја богатата флора и фауна и целокупниот екосистем на паркот. Благодарение на нивната пожртвуваност, избегнати се поголеми последици.

— реклама —

Апелираме до сите посетители, туристи и локално население да бидат максимално внимателни при движење во природа. Строго се забранува палење оган во шума, фрлање догорчиња од цигари и оставање отпад. Секој невнимателен чекор може да предизвика сериозна штета со долгорочни последици.

Националниот парк Маврово континуирано се грижи за заштита и зачувување на природното наследство и останува целосно посветен на својата мисија. Но, за да ја зачуваме природата, неопходна е заедничка одговорност.

— реклама —

Да ја чуваме природата – таа ни припаѓа на сите“, стои во објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-library64vnuv8c02r09DiTpEw

Над 40 пожари за еден ден, 16 сè уште не се изгаснати

Македонија | пред 6 дена

media-librarysesrjviu6vap1uToRCs

Активен пожар на Шар Планина, огнот зафатил пасишта над Боговинското Езеро

Македонија | пред 6 дена

pozarna-

Гореше стан кај Клинички, пожарникар се наголтал чад и заврши во болница

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања