Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

(ФОТО) Прослава на Бадник пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
ZOK_7213

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска /06.01.2019 година, недела/ се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.

— реклама —

Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Љупче Николовски, бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, додека здравичар е Миливое Алексиевски, резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.

На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.

— реклама —

Градоначалникот Шилегов на присутните и на сите христијани од православна вероисповед им ги честита Бадник и божиќните празници, пожелувајќи им добро здравје и благосостојба.

Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.

— реклама —

Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 27-ми пат.

По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.

— реклама —

Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

— реклама —
67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања