Промени тема
Контакт

(Фото) Шестгодишно дете нападнато од куче скитник во Кочани – мајката бара одговорност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-libraryq7ur42vt2eu94zTJf5V

Во Кочани шестгодишно дете било нападнато и каснато од улично куче, при што добило повреди во пределот на горниот дел од устата и отечено непце. За инцидентот на социјалните мрежи информираше неговата мајка, Ана Симонова, која сподели и фотографија од повредите.

— реклама —

„Во саботата на 12.09 детето (6 години) е нападнато и каснато од куче скитник на горниот дел од устата. Детето е со отечено горно непце! Кој треба да одговара за уличните кучиња кои ги има во сè поголем број? Кoja институција е одговорна? Дали некое дете треба да биде распарчено за конечно да почнат да си ја вршат работата?“, напиша Симонова.

— реклама —
— реклама —

Таа предупреди дека во дворот на ОУ „Малина Поп Иванова“ има цел чопор кучиња, поради што децата, како што вели, не можат да бидат безбедни за време на одморите. „Не можеш да излезеш да прошеташ како човек. Не е само во посоченото училиште – во трговскиот, во паркот тоа е чудо од кучиња скитници, а институциите не си ја вршат работата. Да се срамиш да кажеш дека живееш во Кочани... Страшна работа“, додаде таа.

— реклама —

Граѓаните сè почесто алармираат на социјалните мрежи за проблемот со зголемениот број улични кучиња, барајќи од институциите системски и трајни решенија за нивното згрижување и контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye620cjbb58r7ayPJyN4

(Видео) Мало кученце трчаше по дете со моторче со една желба – да се повози со него

Вирално | пред 2 седмици

— реклама —
media-library9r1m5q4pb65a6Q88GwE

(Видео) Моментот кога шестгодишно дете дознава дека е совршен донор за неговата помала сестра, која има леукемија

Вирално | пред 2 седмици

media-library8kqomt7b1v0l3mH8eqc

(Видео) Едно празно кутивче за ручек и цело одделение кое реши да помогне

Вирално | пред 4 седмици

media-libraryv0f5k9eunluq0RIfGTS

Истражување: Децата што растат со кучиња имаат посилен имунитет

Трендови | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања