Предновогодишното украсување дополнително го блокираат сообраќајот во центарот на Скопје. Возачите кои се соочуваат со метеж поради протестите на крстосниците, велат дека по два часа им треба да стигнат до дома. Тие се револитрани оти Град Скопје во работни денови, во ударни часови кога има најголем проток на сообраќај го украсува центарот на градот. Истите, прашуваат дали Шилегов слушнал за викенд, кога според нив, треба да се прават овие активности.
Градоначланикот на Град Скопје, Петре Шилегов, во изјава за новинарите рече дека согласно буџетската ставка за украсување на градот биле предвидени 16 милиони денари, но по завршувањето на тендерската постапка тоа ќе чини 13 милиони денари, што е вели, иста сума споредено со претходните години. Новина е, додава, новогодишната населба Винтерленд, што ќе внесе нова, побогата новогодишна содржина.