Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Со авиони доаѓале на гласање во Брвеница, Јахији ѝ се заблагодари на дијаспората

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryu3d984ho3fbl62JR2FP
Фото: ФБ / Shoqata për f. Çellopek - Zvicër

Албанската дијаспора активно се вклучила во предвремените локални избори во Брвеница, а според фотографии објавени на социјалните мрежи, дел од гласачите со авиони пристигнувале во Македонија за да го остварат своето право на глас.

Новоизбраниот градоначалник на Брвеница, Аркин Јахији, по објавувањето на резултатите упати посебна благодарност до иселениците кои, како што рече, придонеле за неговата победа.

— реклама —

Неколку дена пред изборите на Фејсбук-страницата „Shoqata për f. Çellopek – Zvicër“ беше објавен повик до албанската дијаспора да се мобилизира и да гласа, со порака дека треба самата да ја одреди својата судбина. Во повикот беше истакнато дека состојбата во општината ги надминува политичките поделби и дека е потребно единство и масовно излегување на гласање.

— реклама —

По изборите, на истата страница беа објавени фотографии од полни авиони, со порака дека патувањето до родното место не претставува замор кога станува збор за љубовта кон него. Во објавата им беше честитано на жителите на општината за, како што беше наведено, покажаното единство и граѓанска одговорност.

„Ѝ благодарам на нашата драга дијаспора, која не штедеше ништо. Бог нека ве награди. Ние ќе бидеме вашиот глас во татковината. Денес излеговме со кренати глави. Немам зборови да ја опишам оваа емоција“, изјави Јахији.

— реклама —

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, предводена од ДУИ, освои 4.442 гласа, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ доби 4.177 гласа, според објавените податоци на Државната изборна комисија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryviuutf0quk3v3rHWbHl

(Видео) Со извици „УЧК“, ДУИ си славеа победа на Аркин Јахиј во Брвеница

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryjnscfc76j0890dhLDwF

Аркин Јахиј е нов градоначалник на Брвеница

Македонија | пред 5 часа

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Во Брвеница гласаат болните и немоќните лица и затворениците: Право на глас имаат 116 лица

Македонија | пред 2 дена

media-library49slqc6uqum78gxa4mP

„ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница, очекуваме над 4.000 гласа во вториот круг“, рече Мицкоски за вчерашните избори

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања