Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Трамп со нова порака до Иран: „Затишје пред бура“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-libraryafufp70g9t2p9sVwhVk

Американскиот претседател Доналд Трамп доцна синоќа објави драматична фотографија создадена со вештачка интелигенција на својата социјална мрежа Truth Social, испраќајќи јасна порака до Иран во екот на новите тензии на Блискиот Исток.

— реклама —

На фотографијата Трамп позира на воен брод со црвена капа „MAGA“, додека во позадина се гледаат американски воени бродови и невреме. Објавата беше проследена со пораката: „Тоа беше затишје пред бура“.

Објавата доаѓа по неговото враќање од Кина и во период кога Вашингтон размислува за можни нови воени потези против Иран.

— реклама —

Според „Њујорк тајмс“, блиски соработници на Трамп веќе подготвиле планови за евентуално обновување на воените операции доколку не се постигне договор со Техеран.

— реклама —
media-libraryqjc03to2ihba0oDJyhj
Screenshot: TruthSocial

Меѓу опциите што се разгледуваат се нови воздушни напади врз иранска воена инфраструктура и можни специјални операции насочени кон нуклеарни постројки.

Од Иран, пак, стигнаа пораки дека земјата е подготвена за сите сценарија. Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф порача дека САД ќе бидат „целосно изненадени“ доколку започнат нов напад.

Според американски медиуми, околу 50.000 американски војници моментално се во состојба на висока готовност на Блискиот Исток, додека Иран повторно ставил во функција поголем дел од своите ракетни позиции долж Ормускиот теснец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryihvqr12njd77a3NSwOW

Трамп ја нападна Норвешка затоа што не ја доби Нобеловата награда за мир: „Стана ужасна земја“

Свет | пред 7 минути

— реклама —
media-librarydoeag6eilkj5d9ESzLB

Дали Трамп е способен да ја извршува претседателската функција? Експертите со поделени ставови

Свет | пред 12 часа

media-libraryl980ocllcbiqaNCVygE

Трамп го нарече Обама „ужасно неспособен претседател“, расправијата прерасна во лични напади

Свет | пред 17 часа

media-libraryr05q2iu8g0lnaP5iM8w

Трамп: По војната ќе правиме бизнис и со Русија и со Украина

Свет | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања