Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

(Фото) Тркачите ја формираа буквата „D“ во чест на Душко Чифлиганец – симбол на пријателството што не згаснува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryc5in20ha65o62fojC5i

Познаениот автомобилски клуб „Speed Sector“, еден од најпрестижните европски клубови за спортски автомобили, на тркачката патека во Серес (Грција) одржа емотивна почест за својот починат член Душко Чифлиганец.

— реклама —

Оваа година едно место недостасуваше на Racetrack Experience. Но духот на Душко беше со нас. Заедно со сите учесници ја формиравме првата буква од неговото име на стартната линија — мала, но голема почит кон еден голем пријател. Засекогаш дел од нашето патување“, напишаа од клубот на Instagram.

На фотографијата објавена од Speed Sector, учесниците стојат наредени во форма на буквата „D“, додека зад нив се паркирани спортските автомобили на стартната линија.

— реклама —

Speed Sector е меѓународен клуб што ги обединува љубителите на брзината и спортските автомобили. Членовите — сопственици на уникатни возила — се собираат на специјални тркачки настани и патувања ширум Европа, каде разменуваат искуства и ја споделуваат страста кон возењето.

Чифлиганец (1993–2025) загина на 32-годишна возраст во тешка несреќа за време на мотоциклистичка трка во Брно, Чешка — изгубил контрола над мотоциклот, излетал од патеката и се здобил со тешки повреди, особено на главата.

Тој беше заменик-претседател на „Адора Бизнис Групација“, син на познатиот македонски бизнисмен Ванчо Чифлиганец, и активен мотоциклист-ентузијаст кој освои повеќе признанија.

Несреќата се случи на 3 август 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Dusko-Cifliganec-zaginat

Се завршуваат постапките за пренесување на посмртните останки на Душко Чифлиганец

Македонија | пред 6 месеци

Dusko-Cifliganec-zaginat

„Каде се брзаше другарче мое“, пријателите се простуваат од Душко Чифлиганец

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2021-09-23-at-19.51.23

„Ако некој смета дека не е во ред да творам, нека се вратат 5 милиони евра и јас ќе ја напуштам земјата“, вели Чифлиганец за новата зграда спроти „Ист Гејт“

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања