Промени тема
Контакт

(Фото) Уапсени тројца криумчари кај Блаце, запленети две возила и шверцувана стока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Македонија
media-libraryfv2dg7vboo0gf3s3YWq

Тројца жители на скопското село Блаце се лишени од слобода откако биле затекнати при товарање криумчарена стока нелегално внесена од Косово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена на 31 јули околу 23 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, кои постапувале согласно Оперативниот план за спречување, откривање и фаќање лица што вршат криумчарење преку државната граница.

На граничната линија меѓу селото Блаце и Хани Елезит биле приведени Н.Б. (27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од Блаце.

— реклама —

Според МВР, тие биле затекнати додека товарале криумчарена стока во товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки.

— реклама —

Двете возила, како и криумчарената стока, се одземени. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност: Како автомобилот завршил на затворената делница?

Македонија | пред 1 месец

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Возилото не ја напуштило државата: МВР откри како биле пронајдени трите жртви кај Блаце

Македонија | пред 1 месец

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Познат идентитетот на трите жртви во трагедијата кај Блаце

Македонија | пред 1 месец

media-library050nv58kgqrc19SDvNB

Пронајдени мртви три лица кои претходно биле пријавени за исчезнати, во превртено возило кај „Блаце“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања