Промени тема
Контакт

Пронајдени мртви три лица кои претходно биле пријавени за исчезнати, во превртено возило кај „Блаце“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library050nv58kgqrc19SDvNB
Скопје1.мк

Три лица, еден маж и две жени, се пронајдени починати во превртено возило на патот од граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, синоќа во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП „Блаце“ – Скопје има превртено возило „мерцедес“ со германски национални ознаки.

— реклама —

Полициски службеници веднаш биле упатени на местото, каде што било утврдено дека во возилото има три починати лица – едно машко и две женски лица.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

— реклама —

Претходно, истиот ден во 13:40 часот, во Полициската станица Бит Пазар државјанин на Косово пријавил дека три лица се исчезнати. Последниот контакт со нив го имал на 18 јули околу 22:15 часот, кога тие се наоѓале на Меѓународниот аеродром Скопје.

— реклама —

МВР засега не соопштува дополнителни информации за идентитетот на починатите, ниту за причините под кои дошло до несреќата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryfv2dg7vboo0gf3s3YWq

(Фото) Уапсени тројца криумчари кај Блаце, запленети две возила и шверцувана стока

Македонија | пред 4 седмици

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност: Како автомобилот завршил на затворената делница?

Македонија | пред 1 месец

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Возилото не ја напуштило државата: МВР откри како биле пронајдени трите жртви кај Блаце

Македонија | пред 1 месец

media-library9oganh0ss33o4MvBc6w

Познат идентитетот на трите жртви во трагедијата кај Блаце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања