„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ФОТО) Весела и топла атмосфера на плоштадот „Магнолија“ во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_3607

На Плоштадот „Магнолија“ во Битола, синоќа во весела и топла атмосфера, илјадници битолчани ја дочекаа Новата 2019 година, со желби за добро здравје и многу успеси.

— реклама —

По масовното одбројување, точно на полноќ, со голем огномет беше означен влезот во Новата година, а атмосферата ја надополно и Дедо Мраз, по што беше прочитана новогодишната честитка од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, која ја дочека Новата година заедно со своите сограѓани на Плоштадот „Магнолија“.

— реклама —

„Нека 2019 биде година во која здравјето нема да Ве оптоварува, година во која Вашите желби ќе станат реалност, година во која Вашите лица ќе ги греат насмевки, 2019 нека е година во која ќе се исполнат Вашите копнежи и ќе отворат простор за нови“, им посака Петровска на своите сограѓани.

Забавата кулминираше со песната „Ако одам во Битола“ и со масовно играње на Плоштадот „Магнолија“. За убавото расположение придонесе и перформансот „Кафана на Широк Сокак“, односно групата Боеми, заедно со актерките  Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Маја Андоновска-Илиевски, Соња Ошавкова и Маријан Ѓорѓиевски, кои пееја и читаа интересни факти за Битола и битолчани низ времето. Новогодишнат атмосфера, налик на Европските метрополи, беше надополнета и со варено вино, кое се служеше на поставените штандови.

Претходно, на Плоштадот Магнолија, во богатата музичка програма која започна во 20 часот, настапија ди-џеј Христијан Ѓаковски, Сефедин Бајрамов и Силви Бенд.

Ова беше едно од најмасовните одбележувања на Новата година на плоштадот „Магнолија“ во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Скопје | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Скопје | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Скопје | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Шилегов го пронајде гробот на Александар Македонски под тротоар во Карпош

Коментари | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања