Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Волк чуван како домашно милениче заловен во скопска населба, вели Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryrfte3g659b1d7S1ZDmL

Во една скопска населба вечерва бил заловен волк, кој, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, незаконски бил чуван како домашно милениче.

— реклама —

Ѓорѓиевски објави дека животното било пронајдено со ремче и ланец, по што веднаш биле известени надлежните институции.

„Вечерва во една скопска населба беше заловен волк, кој очигледно бил незаконски чуван (со ремче и ланец) како домашно милениче. За случајот веднаш беа известени сите надлежни институции“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој оцени дека станува збор за сериозна неодговорност и опасност за граѓаните.

— реклама —

„Не можам да поверувам дека постојат толку несовесни поединци кои на ваков начин третираат диви животни, а притоа ја загрозуваат безбедноста на своите сограѓани. Ова не е само неодговорност, туку сериозна опасност за целата околина“, додаде градоначалникот.

Според него, волкот моментално е згрижен од службите на Скопската зоолошка градина, а од институциите очекува целосно расчистување на случајот и преземање соодветни мерки.

„Во Скопје мора да има ред“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg295s0r9egt99MhJLUV

Волк е животното најдено на ланец во Козле, газдата кој барал избегано куче признал дека не е неговото животно

Скопје | пред 5 месеци

— реклама —
media-libraryq5n7ufbf0ghlfyRE8sO

Дете без надзор влегло до ограда со волци во зоолошка во Америка

Вирално | пред 6 месеци

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Хорор во центарот на Хамбург: Волк нападна жена и ѝ нанесе тешки повреди на лицето

Свет | пред 6 месеци

media-libraryjps0138n7unnbnvJFNZ

(Фото) Огласи каде диви животни бараат стан во Скопје осамнаа низ Центар

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања