Промени тема
Контакт

(ФОТО) Започна училишните спортски игри во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
SPORTSKI-IGRI-13.10-1

Со натпреварите во мал фудбал помеѓу учениците од општинските основни и средни училишта, денеска во спортскиот центар „Климент Колески“ беше означен почетокот на овогодинешните Училишни спортски игри, кои ги организира Сојузот за училишен спорт.

— реклама —

Во името на Општина Охрид, натпреварувачите и присутните ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.

-Се наоѓаме пред почетокот на една важна спортска манифестација, која ќе ги обедини учениците од нашиот град во повеќе спортски дисциплини и ќе има даде можност да го развиваат натпреварувачкиот дух, фер плејот и витештвото и да уживаат во радоста на играта и дружењето.

— реклама —

Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот.

— реклама —

Упатувам искрена благодарност до Сојузот за училишен спорт Охрид и до професорите кои ги организираат и ќе го понесат најголемиот товар за успешно одвивање на спортските игри. Верувам дека во текот на одржувањето на игрите ќе имаме можност да откриеме врвни таленти, кои во иднина ќе бидат достојни презентери на Охрид и Македонија на спортските арени, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање.

Училишните спортски игри се организирани во два дела, есенски и пролетен дел. Натпреварите ќе се одржуваат на неколку локации, а учениците ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка, баскет, ракомет, атлетика, пинг-понг и шах.

— реклама —

/sportski-igri-13-10-9" rel="attachment wp-att-201391">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања