Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

(Фото) Златна плочка вредна 4,5 милиони денари ја сокрил во чевел, за да ја шверцува од Гостивар до Истанбул

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarydgto4l9v2oqqfFxNHxW

Царинската управа заплени златна плочка вредна околу 4,5 милиони денари на граничниот премин Богородица, при контрола на автобус што сообраќал на релација Гостивар–Истанбул.

Како што соопштија од Царината, случајот бил откриен откако автобусот бил издвоен за детална контрола, а потоа бил извршен претрес на патник – македонски државјанин

— реклама —

„При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела хартија“, информираат од Царинската управа.

— реклама —

Според нив, патникот првично ја чувал плочката во сакото, но непосредно пред контролата ја сокрил во чевелот.

„Со умисла за криумчарење, сторителот, кој ја чувал плочката во сакото, непосредно пред контролата ја скрил во чевелот“, наведуваат од Царината.

— реклама —

Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија за кривично дело „криумчарење“.

— реклама —

„Против сторителот, од страна на Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, до ОЈО Гевгелија е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело ‘криумчарење’“, стои во соопштението.

Од Царинската управа велат дека продолжуваат со активности за спречување нелегална трговија и криумчарење вредна стока.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysd2urj8q5tls9k9PJ7e

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена дека отворала лажни кредити и ги присвојувала парите на штедачите

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
ojo-1

Кој ќе го наследи Ислам Абази? Обвинителите денеска избираат нов шеф на ОЈО ГОКК

Македонија | пред 2 седмици

media-librarydk5eflmuigni5sfbQOd

Водел нелегален пазар за украдени податоци, а на телефон му пронашле 29 видеа со сексуална злоупотреба на деца: Обвинителството бара притвор

Македонија | пред 4 седмици

ojo

ОЈО бара притвор за двете финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени дека присвоиле речиси 80 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања