Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Фракција во ДУИ против Артан Груби: Ахмети да најде решение за зачувување на партиското единство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
dui-

Објавено писмо на кое се потпишани долгогодишни членови на ДУИ, од т.н „Огнена група“, во која се поранешни министри и сегашни пратеници и градоначалници, меѓу кои Изет Меџити (пратеник и потпретседател на ДУИ), Блерим Беџети (градоначалник на Сарај), Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику (пратеничка), Невзат Бејта (поранешен министер и градоначалник на Гостивар), Муса Џафери (поранешен вицепремиер).

— реклама —

Во писмото се вели дека имајќи ја предвид создадената организациона состојба внатре во ДУИ во период од две години, должни се да го кренат гласот и да реагираат тоа што го создавале со душа, односно Демократската унија за интеграција, да ја вратат на позицијата како што се развиваше цели 18 години.

— реклама —

„Демократската унија за интеграција не е само политичка партија, туку ДУИ е вредност, која 18 години ги чуваше и ги унапредуваше правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации, без индивидуални привилегии, со статутарни тела и со континуиран раст на електоратот. Како такво, ние мора да го вратиме таму каде што и е местото“, велат тие.

— реклама —

Во Писмото бараат:

— реклама —

  • Политичка дебата внатре партијата за надминување на ова состојба;
  • Одговорност и отчет од носителите на извршната власт;
  • Апелираме да се прекине внатрешната политичка „војна” во партијата;
  • Ги повикуваме членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на овие појави и оваа состојба;
  • Бараме од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања