Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Франција гази сè пред себе кон финалето на Светското првенство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Спорт
media-libraryv5go6hlrbcfk3gsAYCe

Француската репрезентација е главен фаворит во полуфиналето против Шпанија на Светското првенство, оценува шпанскиот весник „Ас“, истакнувајќи дека „триколорите“ досега прикажале најдобар фудбал на турнирот.

— реклама —

Според анализата, Франција оставила впечаток на најмоќна селекција благодарение на убедливите настапи, одличната физичка подготвеност и извонредната форма на своите најголеми ѕвезди. Сепак, шпанскиот медиум нагласува дека токму поради тоа целиот притисок сега е врз Французите, кои се очекува да ја освојат титулата.

Франција е единствената репрезентација што ги доби сите шест натпревари во регуларните 90 минути. На патот до полуфиналето ги совлада Сенегал, Ирак, Норвешка, Шведска, Парагвај и Мароко, постигнувајќи 16 голови, односно повеќе од три по натпревар.

— реклама —

Во нападот блеска Килијан Мбапе со осум погодоци, додека Усман Дембеле постигна пет гола. Бредли Баркола и Дезире Дуе додадоа по еден погодок, а одлични партии прикажува и Михаел Олисе, кој со пет асистенции е најдобар додавач на турнирот и е само една асистенција од рекордот на Пеле од Светското првенство во 1970 година.

— реклама —

Статистиката дополнително ја потврдува доминацијата на Франција. Тимот на Дидие Дешан има најголем просечен посед на топката на турнирот – 64 проценти, а воедно е и селекцијата со најмногу удари кон противничкиот гол. На шест натпревари Французите упатија 110 удари, од кои 47 беа во рамките на голот.

Благодарение на добрите резултати, Франција се искачи и на првото место на ранг-листата на ФИФА, оставајќи ја зад себе Аргентина.

„Ас“ заклучува дека Шпанија ја очекува исклучително тешка задача доколку сака да ја запре репрезентацијата која во моментов изгледа како најкомплетниот тим на Светското првенство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryta6ouhu7c3v78u43Jtr

Мурињо откри дали брадата му носи среќа пред Ел Класико

Спорт | пред 3 дена

— реклама —
media-library5odsev01qor28PWHJZq

Мбапе доби зелено светло од Реал, дали се подготвува изненадување за „Златната топка“?

Спорт | пред 3 дена

media-librarykthm4fckl1lb2xnwFXE

(Видео) „Двојните стандарди мора да престанат“: Озил упати порака до ФИФА

Свет | пред 4 дена

media-library98ltv1m2m1v82yfCkaG

Почина Бо Јохансон, селекторот што ја одведе Данска до историското четвртфинале на СП 1998

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања