Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Франција на работ на нова голема политичка криза: Макрон не го дава мандатот на премиерот на левицата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
makron

Иако на изборите во јули освои најмногу места во парламентот, левицата нема капацитет да обезбеди поддршка за формирање стабилна влада, смета Емануел Макрон.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да прифати влада предводена од левичарскиот Нов народен фронт (НФП), кој освои најмногу места во парламентот на изборите во јули.

— реклама —

На Франција и треба институционална стабилност, а левицата не е во состојба да обезбеди поддршка во парламентот, вели Макрон.

НФП, која ја номинираше релативно непознатата јавна службеничка Луси Кастес за свој кандидат за премиер, одговори со повик за улични протести и импичмент на францускиот претседател.

— реклама —

Макрон, чија централна коалиција беше втора во јули, ќе одржи нова рунда разговори со лидерите на парламентарните партии во вторник, најави тој.

Тој, исто така, ги повика левичарските партии да учествуваат во дијалогот со другите политички опции.

— реклама —

Ниту една предизборна коалиција не успеа самостојно да освои мнозинство на изборите, НФП обезбеди повеќе од 190 пратенички мандати, коалицијата „Заедно“ на Макрон 160, а десничарската коалиција „Национален собир“ 140 места во парламентот.

Од изборите, Франција има техничка влада, што беше случај и за време на Олимписките игри во Париз, а НФП беа незадоволни поради тоа.

За нова влада се разговараше од крајот на изборите, а Макрон вели дека ќе продолжи да поканува партии и коалиции на преговори.

„Моја одговорност е земјата да не е блокирана или ослабена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

f6a64cca-dacf-4f97-9278-26c69418ee3c

Популарноста на Макрон падна на рекордно ниско ниво, само 18 отсто го сметаат за добар претседател

Свет | пред 1 месец

— реклама —
makron-tramp

Макрон од францускиот архипелаг крај Канада му одговори на Трамп: „Ова е француско“

Свет | пред 1 месец

makron

Макрон бара состанок на Г7: Ќе се разговара за енергијата поради растот на цените на горивата

Свет | пред 1 месец

makron

Макрон: Европа е под удар на руски хибридни напади

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања