Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Француски писател шокиран: Вештачка интелигенција објавила книга со неговото име без да знае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
kniga-1

Францускиот писател и светски патник Жилиен Блан-Гра денеска во весникот „Ле Монд“ ја осуди вештачката интелигенција, оценувајќи дека таа „ги разнишува границите на реалноста“, откако на „Амазон“ открил книга потпишана со неговото име, иако никогаш не ја напишал.

„Технолошките гиганти нè ограбуваат. Го крадат нашиот труд за да ги 'хранат' своите модели на вештачка интелигенција, без наша согласност и без надомест. Вештачката интелигенција што ги преплави нашите екрани ги разнишува границите на реалноста. Таа сега може да ги присвои и нашите гласови, нашите фотографии и нашите имиња во подмолни измами“, напиша Блан-Гра, опишувајќи ја измамата чија жртва станал.

— реклама —

Книгата со наслов „Целосен водич за авантуристи: Прирачник за преживување на современиот патник“, која се продавала за 17,05 евра, на „Амазон“ била претставена како негово дело.

„Жилиен Блан-Гра сум јас. И навистина сум патописец и светски патник. Проблемот е што јас никогаш не сум ја напишал оваа книга“, истакна авторот на повеќе патописи.

— реклама —

Тој нагласи дека неговото име навистина стои на корицата, но дека во овој случај е премината границата и станува збор за кражба на идентитет.

— реклама —

„Јас не сум измислен, постојам и на насловната страница навистина е моето име. Но, овде е премината границата – ова е кражба на идентитет“, напиша Блан-Гра, додавајќи дека врв на цинизмот е тоа што на секоја страница стоела ознаката „материјал заштитен со авторски права“.

По неговата жалба, книгата била отстранета од американската платформа „Амазон“, но, како што наведува писателот, и понатаму се нуди на продажба на повеќе други интернет-страници во САД, Данска и Јужна Кореја.

— реклама —

Потсетувајќи на парламентарните иницијативи за заштита на авторските права, Блан-Гра оцени дека вештачката интелигенција денес го доведува во прашање самото потекло на креативните дела.

„Добредојдовте во време во кое човечкиот фактор е само хипотеза“, заклучи францускиот писател.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања