Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Фудбалски судија од Мостар ја застрелал партнерката, па се обидел да се самоубие

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Свет
media-libraryv2rneohk19i98zyWTod

Во центарот на Мостар вечерва се случи шокантно убиство што го вознемири целиот град. Жената била застрелана од нејзиниот партнер по драматична потера што започнала во близина на автобуската станица. Од Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон потврдија дека полициските екипи излегле на терен и во моментов го обезбедуваат местото на настанот.

— реклама —

Убиецот се обидел да се самоубие, но пиштолот му се заглавил. Набрзо бил уапсен на лице место, а истрагата траела со часови.Напаѓачот, кој е син на познат фудбалер и фудбалски судија, прво ја ранил жената кај автобуската станица, но таа успеала накратко да избега. Во паника се упатила кон блиско кафуле, каде се обидела да побара помош и да ја извести полицијата. Напаѓачот продолжил да ја следи и ја стигнал по неколку десетици метри, по што повторно пукал и ѝ нанел фатални повреди.

— реклама —
— реклама —

Потоа, според сведоштва од терен, мажот се обидел да си го одземе животот, но неговото оружје закочило. Полицијата пристигнала многу брзо и го уапсила непосредно покрај телото на жртвата.

— реклама —

Неофицијалните информации упатуваат дека осомничениот е Анис Калајџиќ, фудбалски судија со долгогодишна кариера во Првата лига на Федерацијата БиХ и син на поранешен фудбалер и тренер на ФК Вележ. Истите извори тврдат дека дозвола за носење оружје добил неодамна — пред околу еден месец — и дека тогаш го купил и пиштолот што го употребил при убиството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

crna-gora-apsenje

Нови детали за убиствата во Ѓорче Петров: Четворицата осомничени можат да добијат и доживотен затвор

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 месец

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 1 месец

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања