Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Гаши по подвод 25 години од Охридскиот договор: Мирот, дијалогот и еднаквоста мора да останат наша заедничка обврска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор порача дека неговото значење треба да се гледа надвор од политичките разлики и секојдневните толкувања.

Во обраќањето до граѓаните, Гаши оцени дека договорот бил политички и институционален одговор на кризата и поставил мирот, дијалогот и еднаквоста како основа за градење одржливо општество.

„Охридскиот договор останува важен столб на уставната и институционалната архитектура на нашата држава“, наведува Гаши, додавајќи дека денешната одговорност е неговите поуки да се преточат во одржливи демократски стандарди и соживот.

— реклама —

Според него, Северна Македонија е заеднички дом за сите граѓани, а нејзината сила не треба да се бара во разликите што ги делат луѓето, туку во способноста тие разлики да се претворат во заеднички вредности.

— реклама —

По четвртина век од потпишувањето на договорот, Гаши смета дека фокусот треба да биде ставен и на тоа што денешните генерации ќе им го остават на идните.

„Нека оваа годишнина биде заедничка обврска: денешната политичка генерација и институции го зачувуваат мирот преку дијалог, ја зајакнуваат еднаквоста и го градат соживотот преку дела“, порача претседателот на Собранието.

— реклама —

Тој додава дека идните генерации треба да го наследат Охридскиот договор како историска пресвртница и како вредност што продолжува да се живее во секојдневието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryl17dmq31j33c72Q7dnX

Владата вс ДУИ: Рамковниот договор ќе се слави на различни страни, со различни гости и говорници

Македонија | пред 1 ден

ramkoven

Охридскиот рамковен договор – политичкиот документ што ја запечати мирната иднина на Македонија!

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања