Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Руте: „Путин е очаен – сака да шири страв и терор“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
nato-1

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска оцени дека рускиот напад врз железничката инфраструктура во Украина, во близина на границата со Полска, покажува, како што рече, очај на рускиот претседател Владимир Путин и негова намера да шири страв и терор.

Руте порача дека одговорот на НАТО ќе биде дополнително зајакнување на поддршката за Украина.

— реклама —

„Вчерашните настани повторно покажуваат дека Русија станува сè побезобѕирна додека ја продолжува својата ужасна војна против Украина, вклучително и вчерашните докази дека повторно ја напаѓа инфраструктурата од која зависи Украина“, рече Руте на брифингот во седиштето на НАТО во Брисел.

Тој, се огради дека не сака да навлегува во разузнавачки податоци, рече дека вчерашните напади врз возовите во Украина, во близина на територијата на НАТО, „покажуваат очај на Путин, но и негова желба да шири страв и терор“.

— реклама —

Според него, одговорот на НАТО „секогаш ќе биде зајакнување на поддршката за Украина“, поради што, како што наведе, Кремљ нема да успее да ги оствари своите цели.

— реклама —

Руте истакна дека помошта од сојузниците за Украина веќе трае и дека дополнително ќе се зголемува, иако НАТО не е директно вклучен во војната.

Тој додаде дека Русија по секоја цена настојува да ја продолжи војната, додека Украина успева да издржи благодарение, меѓу другото, на практичната помош од сојузниците во НАТО.

— реклама —

Утрото на 13 септември руска беспилотна леталка ја нападна железничката инфраструктура во близина на граничниот премин Јаходин-Дорогуск.

media-librarydlv8te5bmt661rGvq7s

Германскиот министер за одбрана: „Путин знае што прави“

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус оцени дека неодамнешниот напад со руски дрон врз воз во близина на украинско-полската граница е дел од стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин, чија цел е ширење страв низ Европа.Писториус нагласи дека од клучно значење е да се остане присебен и да се избегнат провокации, но истовремено порача дека западните сојузници мора јасно да покажат подготвеност да ја бранат својата територија и да заземат цврст став во случај на натамошна ескалац

Свет | пред 1 месец

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 4 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 5 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања