Генералниот секретар на ООН: Американската операција против Мадуро го крши меѓународното право

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, денеска изрази загриженост дека стабилноста во Венецуела може да се влоши по апсењето на претседателот Николас Мадуро во американска воена операција.

— реклама —

Војсето за безбедност на ООН, составено од 15 членки, се состана во Њујорк само неколку часа пред Мадуро да се појави пред федералниот суд на Манхетен по обвиненија за наркоторизам, кои тој ги негира. „Длабоко сум загрижен поради можноста за ескалација на нестабилноста во земјата, потенцијалниот влијание врз регионот и преседаните што можат да се создадат за управување со меѓудржавни односи“, порача Гутереш преку шефицата за политички прашања на ООН, Розмари ДиКаро.

Гутереш повика на инклузивен и демократски дијалог во Венецуела и понуди поддршка за сите напори насочени кон мирно решавање на кризата. Тој исто така оцени дека американската операција во Каракас минатата сабота не се придржувала кон меѓународното право.

— реклама —

Колумбија, која побарала итен состанок, ја осуди операцијата како кршење на суверенитетот, политичката независност и територијалниот интегритет на Венецуела. „Нема оправдување за едностраната употреба на сила за извршување на акт на агресија“, рече колумбиската амбасадорка Леонор Залабата Торес.

Правни експерти истакнуваат дека операцијата била нелегална бидејќи немала одобрување од Советот за безбедност на ООН и не претставувала самоодбрана од вооружен напад. Сепак, Советот нема можност за конкретни мерки против САД, кои имаат право на вето, заедно со Русија, Кина, Велика Британија и Франција.

Основачката Повеља на ООН наложува земјите да се воздржуваат од употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на други држави, а ООН сега брои 193 членки.

Американскиот амбасадор при ООН, Мајк Волц, вчера се повика на член 51 од Повељата, кој овозможува индивидуална или колективна самоодбрана во случај на вооружен напад. Претседателот Трамп претходно најави нови акции ако Венецуела не соработува околу нафтената индустрија и за спречување на проток на дрога, при што упати и закани кон Колумбија, Мексико и Куба.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqn1ah5r5483adoPs9qD

Трамп тврди дека во Венецуела било употребено тајно оружје „дискомбобулатор“

Свет | пред 3 дена

media-libraryluvqeq3767d25hroIP9

Прва порака од Мадуро по приведувањето: Не тагувајте, издржуваме

Свет | пред 2 седмици

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски со контроверзен предлог: Како со Мадуро, така и со Кадиров

Свет | пред 2 седмици

media-librarysg32rpfbia6l0UWb02m

Анонимен крипто-кладилничар заработил речиси половина милион долари од апсењето на Мадуро

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања