Промени тема
Контакт

Георгиевски: Вмровците кои плукаат по Ванчо Михајлов, ја згрешиле идеолошката матрица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
georgievski

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставиле на меѓународната сцена.

-ВМРО е име кое прво Тодор Александров и Ванчо Михајлов го поставуваат на меѓународната сцена. Во времето на Гоце, на Даме, во времето на тие историски личности тоа е БМРО, ТМРО, значи внатрешно-македонска… но никогаш само ВМРО. Самото име е име на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, посочи Георгиевски.

— реклама —

Според него, на левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов.

-Според мене, на некој левичар во Македонија му личи да зборува и плука по Ванчо Михајлов, со оглед на тоа дека убивал левичари, убивал комунисти и му личи на некој што се смета за левичар во Македонија да плука против Михајлов. Меѓутоа за некој што се смета за десничар или екстремен десничар да плука против Ванчо Михајлов или да се нарекува вмровец, мислам дека нешто згрешил со својот образовен систем и со својата идеолошка матрица како десничар, вели Георгиевски.

— реклама —

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека сите лаги во македонската историографија се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов.

— реклама —

„Мене ми е жал што во македонската историографија некои работи или едноставно немаме интерес или не сакаме да ги читаме. Сите тие лаги се измислени од бугарските комунисти во борбата против Ванчо Михајлов“, вели Георгиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylcdeie1nugq99RKDHRd

Бугарија истражува дали експлозијата во магацин за оружје била саботажа

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryli93ib1bjrtm5KDGOP6

Силна експлозија во магацин за оружје во Бугарија, огнот го осветли ноќното небо

Свет | пред 1 ден

media-librarygi8j9aqr8gv58alTlgX

Бугарската шефица на дипломатијата: Нема политичка волја во Скопје за спроведување на европскиот компромис

Свет | пред 2 седмици

britanski-brod-crno-more

Бугарија ќе добие 7 брода од Белгија и Холандија за заштита на Црното Море

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања