Промени тема
Контакт

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
media-libraryv7cofie4acjo4VgKqRB

Општина Центар, со богата уметничка програма, го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.

Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец. На присутните се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

— реклама —

„Горан Стефановски е дел од нашето секојдневие, од јазикот, од мислата и од начинот на кој гледаме на светот. Со ваквите настани му оддаваме почит и го чуваме неговиот збор“, порача Герасимовски.

— реклама —

Во рамки на програмата, хорот „Мирче Ацев“ изведе неколку песни, омилени на Стефановски, настап имаше и џез формацијата „Трицикл“, а беа изведени и актерски монолози од неговите дела. Публиката имаше можност да ги погледне и портретите на Горан Стефановски, дело на Ненад Рафајловски, додека музичкиот сет на DJ Шурбе ја заокружи вечерта.

— реклама —

Општина Центар го чествува Горан Стефановски преку низа културни настани и активности посветени на неговиот лик и дело.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 1 ден

gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања