Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Скопје
media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

На шестата седница Советот на Општина Центар донесе два нови ДУП-а (ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“), усогласени со ГУП Скопје 2012–2022. Првпат се изработува детална документација за просторот околу Калето. Плановите предвидуваат подобрувања за пешаци и сообраќај, нови велосипедски патеки на „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“ поврзани со кејот, пошироки тротоари и дрвореди; покрај Вардар приоритет имаат пешаците. Во ЦС 01 се планира спортски објект (9.295 м²) наместо хотели. Во ЦС 14 се предвидуваат пониски хотели П+3 на приватно земјиште, паркови, јавни содржини и паркинг, со можност за музејски изложби на отворено.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“.


 Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се носи детална урбанистичка документација за просторот околу Калето, со што се отвораат можности за современо уредување и подобра организација на просторот.


Со новите планови се унапредува сообраќајната и пешачката инфраструктура, а се предвидуваат и нови велосипедски патеки на главните улици „Самоилова“ и „Лазар Личеноски“. Тие ќе бидат поврзани со рекреативната патека покрај Вардар, со цел да се обезбеди функционална велосипедска мрежа на растојание од 200 до 300 метри. Предвидено е и подобрување на условите за пешаците, со пошироки тротоари и нови дрвореди.


На најатрактивниот дел покрај Вардар приоритет ќе имаат пешаците, со дозволен пристап на возила само  за објектите кои имаат одобрение за градење со такви услови.


Во планот за ДУП Градска четврт ЦС 01 се предвидува спортски објект на државно земјиште покрај кејот, со површина од 9.295 квадратни метри. Во претходниот план на истиот простор беа предвидени хотелски комплекси.

— реклама —


Со ДУП Градска четврт ЦС 14, на приватното земјиште под Калето се планира изградба на пониски хотели со катност П+3, додека на државното земјиште се предвидува парковско зеленило со површина од 3.074 квадратни метри. Јужно од планираниот профил на булеварот „Климент Охридски“ се планираат содржини од јавен интерес , парковско зеленило со површина од 2.280 квадратни метри и јавен паркинг со површина од 3.765 квадратни метри.


„Со ДУП Градска четврт ЦС 14 за првпат на ниво на детално планирање се разработува просторот на Скопското Кале. Планираме да создадеме поврзан, уреден и инклузивен простор. Предвидуваме и можност за поставување музејски изложби на отворено, со што овој симбол на Скопје, богат со историја и култура, ќе го доближиме уште повеќе до граѓаните и посетителите. При подготовката на планот ги земавме предвид и сугестиите на стручните лица од Музејот на современа уметност“,  рече  градоначалникот Горан Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqjecgs7lorms12274ma

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryenpgf92rbt6jbINYixa

Герасимовски: Годинава стартуваме нови проекти со пензионерите, „Носталгија за корзо“, екскурзии, едукативни работилници и Спортски игри 2026

Скопје | пред 1 месец

media-librarysj62mecqggk34OqdZ4I

Граѓаните ќе паркираат бесплатно во Центар за време на новогодишните и божиќните празници

Скопје | пред 2 месеци

gerasimovski

Герасимовски: Целосно го поддржувам протестот за УСЈЕ, мора да има ригорозни санкции

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања