Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти – новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 квадратни метри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryul882s127qtf02ptL4l

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги отфрли обвинувањата на Движењето ЗНАМ во врска со новиот нацрт на Деталниот урбанистички план (ДУП), оценувајќи дека станува збор за политички манипулации и неточни толкувања на урбанистичката документација.

— реклама —

Според Герасимовски, предложениот нацрт-ДУП предвидува вкупна бруто-изградена површина од 29.459 квадратни метри, што е за околу 14.000 квадратни метри, односно за приближно 33 проценти помалку во однос на претходните плански решенија, кои предвидувале 43.429 квадратни метри.

— реклама —

Тој нагласи дека тврдењата за нова бетонизација не се засноваат на факти и дека Деталниот урбанистички план мора да биде усогласен со Генералниот урбанистички план, при што единствена надлежна институција за утврдување на таа усогласеност е Град Скопје.

Герасимовски посочи дека актуелниот документ е работна верзија – нацрт-план, кој, по завршувањето на јавната анкета, повторно ќе биде доставен до надлежните институции на мислење, согласно законската процедура.

— реклама —

Во реакцијата тој ги отфрли и тврдењата за ризик од ерозија и свлечишта, наведувајќи дека за таквите обвинувања не се приложени официјални стручни анализи или мислења од надлежни институции.

Од Општина Центар порачаа дека постапката за донесување на ДУП ќе продолжи транспарентно, со почитување на законските процедури, мислењата на надлежните институции и јавниот интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Нема цензура, туку политички театар; ЗНАМ и Левица глумат жртви и ја манипулираат јавноста

Скопје | пред 1 месец

— реклама —
media-librarymc1ksp3enni63wwGx7x

Герасимовски: Пријавете се на ГИС порталот, брзи дигитални услуги и информации за Општина Центар

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryilp2btmjqett64HqGbS

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryqjecgs7lorms12274ma

Советот на Општина Центар не ја изгласа одлуката за техничка исправка на ДУП за дел од локалитетот Буњаковец 1

Скопје | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања