Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Германија подготвува ограничување на цените на бензинот и дизелот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library3q60lle3ri7hcea4HuW
Photo by Rock Staar on Unsplash

Германската влада подготвува закон со кој ќе може привремено да ги ограничи цените на бензинот и дизелот доколку тие растат значително побрзо отколку во останатите земји од Европската Унија.

— реклама —

Предлогот го подготвила министерката за економија Катерина Рајхе, а според нацрт-законот, мерката би можела да се активира доколку цените на горивата во Германија бележат натпросечен раст во текот на три последователни недели, објави „Шпигел“.

— реклама —

Ограничувањето би можело да трае најмногу три месеци, но примената на мерката би била прекината доколку се појави опасност за сигурноста на снабдувањето со гориво. Целта е да се спречат прекумерни поскапувања без да се наруши редовното снабдување.

Претставниците на владејачката коалиција, составена од ЦДУ/ЦСУ и СПД, уште во средината на септември се договориле да разговараат со нафтената индустрија за воведување ограничувања по примерот на Луксембург и Белгија. Планот е мерката да биде подготвена најдоцна до 1 јануари 2027 година.

— реклама —

Германија претходно привремено ги намали даноците на бензинот и дизелот за 16,7 евроценти по литар, во периодот од 1 октомври до крајот на декември. Според проценките, просечен возач кој месечно поминува околу 900 километри би можел да заштеди од 32 до 36 евра во текот на трите месеци, при потрошувачка од седум до осум литри на 100 километри.

— реклама —

Германската влада очекува намалувањето на даноците да ги намали приходите во државната каса за околу 2,485 милијарди евра.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp46mhm8gq9dsbMBVxwU

(Видео) Хаос во Германија: Молотови коктели, запалени барикади и грабежи, над 200 уапсени

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Изгореа три градежни возила на градилиште на германскиот „Рајнметал“

Свет | пред 2 дена

media-libraryg7c7dj2cncod7LxHS4q

Училишен автобус со 20 деца излетал од кружен тек и се забил во ѕид од куќа во Германија

Свет | пред 3 дена

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања