Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Германските компании не се само инвеститори, тие се партнери во трансформацијата на нашата македонска економија , вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryc475v0e655ap4YvrqUb

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на German-Macedonian Business Summit 2026, истакнувајќи дека соработката со германските компании претставува клучен сегмент во економската трансформација на државата.

— реклама —

Тој нагласи дека германските компании не се само инвеститори, туку и партнери во развојот на македонската економија, кои носат нови стандарди, технологии и корпоративна култура.

Мицкоски посочи дека светската економија се менува брзо и дека Македонија мора да се прилагоди преку дигитална трансформација, иновации и инвестиции во човечки капитал.

— реклама —

„Нашата цел е јасна — да изградиме модерна, ефикасна и конкурентна економија интегрирана во европските синџири на вредност“, истакна премиерот, додавајќи дека Владата работи на намалување на административните бариери и подобрување на бизнис-амбиентот.

— реклама —

Тој нагласи дека економскиот раст повеќе не може да се базира на евтина работна сила, туку на знаење, технологија и автоматизација, при што посебен акцент стави на дигитализацијата и образованието.

Мицкоски порача дека Владата инвестира во инфраструктура, иновации и дуално образование, со цел младите да ја градат својата иднина во земјата, а не надвор од неа.

— реклама —

На крајот, тој истакна дека Германија останува стратешки партнер и дека преку заеднички проекти и доверба може да се создаде стабилен економски раст и модерна европска Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања