Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓоковиќ повторно испиша историја: највозрасен тенисер со полуфиналиња на сите гренд слемови во една година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Спорт
IMG_0656

Новак Ѓоковиќ уште еднаш ги помести границите во тенисот и обезбеди полуфинале на УС Опен, совладувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 (6:3, 7:5, 3:6, 6:4). Во борба за финале, српскиот ас ќе игра против Карлос Алкараз, кој исто така доминантно стигна до завршницата.

— реклама —

Со овој успех, Ѓоковиќ стана најстариот тенисер што во една сезона успеал да игра во сите четири полуфиналиња на гренд слем турнирите. Тој подвиг добива уште поголема тежина ако се потсетиме дека токму Новак во 2008 година стана и најмладиот тенисер со вакво достигнување.

Тековната сезона за Ѓоковиќ е полна со историја:

— реклама —

На Австралија опен го елиминираше Алкараз во четвртфиналето, но поради повреда се повлече во полуфиналето против Александар Зверев.

На Ролан Гарос беше сопрен од Јаник Синер во полуфиналето.

На Вимблдон повторно Синер беше подобар, а потоа и ја освои титулата.

На УС Опен, Ѓоковиќ стигна до своето четврто полуфинале оваа година.

Интересно е дека и Рафаел Надал во 2008 година ги комплетираше сите полуфиналиња, но како што е една година постар од Новак, рекордот останува кај Србинот. Роджер Федерер, пак, својата серија ја комплетираше дури во 2005 година, кога стигна до полуфинале во Мелбурн и Париз.

Со 24 гренд слем титули во својата богата колекција, Ѓоковиќ покажува дека уште има сила да освои нови трофеи. Дали во Њујорк ќе дојде и до 25-тиот?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Спорт | пред 1 седмица

media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Спорт | пред 1 месец

IMG_0656

Од омаловажување до восхит: Енди Родик со најсилни пофалби за Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања