Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Ѓорѓиевски: 850 метри голгота заминуваат во минатото, интензивно се работи на „Борис Трајковски“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
media-libraryln5gjaa2se9scfVXBcK

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи информираше дека со силно темпо се работи на булеварот „Борис Трајковски“.

„Кај мене зборот е збор. Денес, со искрено задоволство стојам на булеварот кој со децении беше закочен, заборавен и претворен во вистинска голгота за илјадници граѓани. Булевар по кој секое поминување значеше нервоза, гужви, прашина, небезбедност, оштетени возила и изгубено време.

— реклама —

Ветив дека во мојот мандат ќе го довршиме.

— реклама —

Но, само шест месеци од почетокот на мандатот, со силна волја, работа и посветеност, ги довршивме експропријациите, а за само две недели е пробиена речиси целата траса. Со тоа, конечно се отвора патот за реализација на овој долгоочекуван проект, кој премногу пати беше ветуван, а никогаш не беше завршен.

Паралелно, на овој потег се изведува и комплетната фаза од хидротехниката, односно 610 метри атмосферска канализација со цевки Ф800, Ф600, Ф500, Ф400 и Ф300. Работиме темелно, од основа, затоа што Скопје заслужува решенија кои ќе траат.

— реклама —

Оние 850 метри голгота, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, конечно заминуваат во минатото. На нивно место ќе никне современ булевар со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека“, напиша Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqeai331m05p02muvyu2

ВМРО-ДПМНЕ: Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата низ периоди на сериозни искушенија

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
hq_boristrajkovski_1493888704

Се навршија 22 години од смртта на Борис Трајковски

Македонија | пред 4 месеци

media-library2bu767j6uo4obJ7Hnys

K-POP спектаклот „K-POP FOREVER!“ пристигнува во Скопје во февруари 2026

Магазин | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-30-205633

(Видео) Полиција евакуираше публика во СЦ “Борис Трајковски”, девет полицајци во болница

Скопје | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања