Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Се навршија 22 години од смртта на Борис Трајковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
hq_boristrajkovski_1493888704

Денеска ќе биде одбележана 22-годишнината од смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

— реклама —

Во авионска несреќа што се случи на 26-ти февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

— реклама —

За несреќата која се случи во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи, во близина на Мостар, за причините за падот на „Кингерот“, за тоа дали се случила авионска несреќа или било „тероризам“, од тогаш досега беа изврешени две истраги и објавени два извештаја, на две комисии со кои раководеа Салко Бегиќ и Омер Кулиќ, а во кои учествуваа и македонски експерти.

— реклама —

И во двата извештаја, кои се разликуваат, сепак, како причина за падот на „Кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Во авионската несреќа покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqeai331m05p02muvyu2

ВМРО-ДПМНЕ: Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата низ периоди на сериозни искушенија

Македонија | пред 3 седмици

media-library2bu767j6uo4obJ7Hnys

K-POP спектаклот „K-POP FOREVER!“ пристигнува во Скопје во февруари 2026

Магазин | пред 3 месеци

Screenshot-2025-08-30-205633

(Видео) Полиција евакуираше публика во СЦ “Борис Трајковски”, девет полицајци во болница

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

„Алкалоид“ чека на терен, натпреварот под знак прашалник: Грчките навивачи се причина

Спорт | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања