Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

БРТ за Скопје доби зелено светло: Владата го одобри договорот, следува реализација на терен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Скопје
media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Владата го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје. Проектот, со заем од 70 милиони евра од ЕБОР, предвидува посебни ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција, за помали гужви и загадување. Договорот ги уредува улогите на финансии, транспорт и Град Скопје, управувањето со средствата, проектната единица и потребните дозволи. Следуваат јавни набавки и теренски работи, паралелно со набавка на 100 нови еколошки автобуси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека Владата на Република Македонија официјално го одобри Договорот за имплементација на проектот за брз автобуски превоз (БРТ) во Скопје, отворајќи нова ера на модерен, ефикасен и еколошки јавен транспорт. Проектот, финансиран со заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, предвидува изградба на посебни ленти, висока фреквенција на возила и интеграција со останатите транспортни системи во градот, со цел намалување на сообраќајните гужви и загадувањето.

— реклама —

„Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!

Денес, Владата на Република Македонија го одобри Договорот за имплементација на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“, еден од најзначајните инфраструктурни зафати за модернизација на јавниот превоз и унапредување на мобилноста во главниот град.

БРТ претставува современ систем на јавен превоз кој функционира по принцип на метро на тркала со посебни, одвоени ленти за движење, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.

Овој концепт овозможува побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и намалување на загадувањето, што го прави клучен чекор кон поодржливо и поеколошко Скопје.

Со овој Договор прецизно се утврдуваат правата, обврските и меѓусебната координација помеѓу Министерството за финансии, Министерството за транспорт и врски и Град Скопје во текот на целокупната имплементација на проектот.

Договорот ги регулира механизмите за управување со средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), формирањето и функционирањето на

Единицата за имплементација на проектот, како и обврските за навремено обезбедување на сите административни, технички и финансиски предуслови.

Средствата од заемот на ЕБОР, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на проектот.

Договорот предвидува јасни процедури за повлекување на средствата, управување со посебните сметки, како и обезбедување на сите неопходни дозволи, одобренија и документација за непречено спроведување на активностите.

Договорот за имплементација е веќе одобрен и од Европската банка за обнова и развој.

Ова ќе овозможи започнување со конкретни активности на терен - од јавни набавки и техничка подготовка, до реализација на инфраструктурните работи.

Со ова, институциите ја потврдуваат заедничката заложба за современ, ефикасен и одржлив јавен превоз во Скопје, систем кој ќе донесе побрзо движење, подобар квалитет на живот и почиста животна средина за сите граѓани.

Почитувани, свесен сум за предизвиците со кои секојдневно се соочувате во јавниот превоз, проблем што не е од вчера, туку е наследен и со години наталожуван.

Но денес, конечно, се преземаат конкретни и одлучни чекори за негово надминување.

Со силната поддршка и јасната заложба на Владата и Премиерот Hristijan Mickoski, за што сакам посебно да му се заблагодарам, како и со процесот на набавка на 100 нови еколошки автобуси, поставуваме темели за суштинска промена.

Сакам искрено да изразам благодарност за оваа поддршка и на министерот за транспорт Aleksandar Nikoloski, за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, затоа што токму ваквите одлуки значат вистинска грижа за граѓаните и нивното секојдневие.

Ова е инвестиција во квалитетен живот, во почист воздух и во достоинствен јавен превоз.

Убеден сум дека со заедничка посветеност, проблемите што со години беа дел од нашето секојдневие ќе останат зад нас, а пред нас ќе стои модерен, функционален и ефикасен транспортен систем каков што Скопје заслужува. Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

brt-brz-transport-sskopje

Проектот за БРТ во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД

Скопје | пред 4 часа

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопје | пред 1 месец

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Скопје | пред 1 месец

media-libraryp61rgbcas65eb6N7ZC3

Шукова: За две години Скопје ќе добие модерен БРТ систем

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања