Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Ѓорѓиевски се сретна со проектантите на БРТ: трасата ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Скопје
media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

Орце Ѓорѓиевски се сретна со проектантите на новиот БРТ систем и најави дека трасата ќе оди по крајните ленти, за да се зачува средишното зеленило и водоснабдувањето, а ќе се додаде ново зеленило како бариера. БРТ е „метро на тркала“ со одвоени ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција, со цел побрз и почист превоз, помали гужви и помало загадување. Проектот вклучува две линии (Исток–Запад и Север–Југ), CNG/хибридни нископодни возила, паметни станици и интеграција со сообраќајниот систем. 70 милиони евра од ЕБОР ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства за реализација, а најавена е и набавка на 100 еколошки автобуси.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски одржа средба со проектантите на новиот БРТ систем, при што беше потенцирано дека трасата ќе се движи по крајните ленти на улиците, со цел да се зачува средишното зеленило и да се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу коридорот и останатиот сообраќај.

— реклама —

„Скопје, како главен град со повеќе од половина милион жители, конечно го прави исчекорот што одамна го заслужува кон современ, високо-капацитивен и одржлив јавен превоз. БРТ е нова визија за тоа како треба да се движи градот, побрзо, поефикасно и почисто.

— реклама —

Имав исклучително продуктивна средба со проектантите на БРТ, каде детално беа презентирани решенијата, намената и техничките аспекти на системот. Она што е особено важно да се нагласи е дека трасата на БРТ нема да поминува низ средишното зеленило, со што целосно се заштитува водоснабдувањето на Скопје. Напротив, системот ќе се движи по крајните ленти, а дополнително ќе се воведе ново зеленило како природна бариера меѓу БРТ коридорот и останатиот сообраќај.

— реклама —

Овој концепт носи вистинска трансформација. БРТ функционира како метро на тркала со посебни, одвоени ленти, приоритет на раскрсници и висока фреквенција на возила.

Тоа значи побрз, сигурен и предвидлив превоз, значително намалување на гужвите и времето на патување, како и сериозно намалување на загадувањето.

Ова е клучен чекор кон поодржливо, поеколошко и поуредено Скопје. За разлика од минатото, денес разликата е суштинска. Денес не зборуваме за идеја, туку за сериозно поставен и институционално заокружен проект.

Средствата од заемот на Европската банка за обнова и развој, во износ од 70 милиони евра, ќе се пренесат на Град Скопје како неповратни средства и ќе се користат исклучиво за реализација на БРТ.

Тоа значи финансиска стабилност, јасна контрола и одговорно управување со секое евро вложено во иднината на градот.

Проектот предвидува изградба на две главни линии – Исток–Запад и Север–Југ, набавка на современи CNG/хибридни нископодни возила, воведување на паметни станици и патнички информативен систем, како и целосна интеграција со системот за управување со сообраќајот.

Сето ова значи ново ниво на квалитет, достапност и удобност за граѓаните. БРТ е стратешка инвестиција во иднината. Тоа е систем што ќе го редефинира секојдневието на граѓаните, ќе го намали сообраќајниот хаос и ќе внесе ред, дисциплина и ефикасност во движењето низ градот. Со БРТ, Скопје прави чекор напред кон европски стандарди и современо урбано живеење.

Упатувам искрена благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за силната поддршка, како и за процесот за набавка на 100 нови целосно еколошки автобуси.

Со ова, се поставуваат темелите за суштинска и долгорочна промена во јавниот превоз и квалитетот на услугата за граѓаните.

Продолжуваме силно. Со визија, со работа и со јасна цел. Заедно ќе го направиме Скопје повторно горд град“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryiagseqr2trtu6HowohR

БРТ за Скопје доби зелено светло: Владата го одобри договорот, следува реализација на терен

Скопје | пред 3 дена

brt-brz-transport-sskopje

Проектот за БРТ во Скопје ќе се реализира со заем од 70 милиони евра од ЕБРД

Скопје | пред 3 дена

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопје | пред 1 месец

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања