Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Гоце Делчев е завет што не смее да згасне

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library08qbi1t2tqdq81yQpQD

Градоначалникот на Орце Ѓорѓиевски упати порака за оддавање почит кон делото на Гоце Делчев, нагласувајќи дека неговото име претставува симбол на слободата, непокорот и македонската борба за достоинство.

„Постојат имиња кои не припаѓаат само на историјата, туку на душата на еден народ. Такво име е Гоце Делчев, кое е симбол на слободата, на непокорот и на вечната македонска борба за достоинство“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој нагласи дека делото на Делчев претставува траен завет за идните генерации и потсети дека револуционерот ја платил највисоката цена за љубовта кон татковината.

„Голема е борбата за идеалите, но уште поголемо е делото на Гоце, кое и денес стои како наш завет пред иднината. Тој со својот живот ја плати најголемата љубов – кон татковината“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Во пораката се наведува дека споменот за Делчев е дел од идентитетот на македонскиот народ и вредност што се пренесува низ генерации како гордост и аманет.

— реклама —

Ѓорѓиевски потсети дека и 123 години по неговата смрт, делото на Делчев продолжува да инспирира, а неговата борба останува актуелна.

„Гоцевата борба е и наша борба – за опстанок, за достоинство, за македонската вистина и за правото на Македонија да стои исправено пред светот. Гоце е завет – за Македонија“, се наведува во пораката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeoqtavflgv01fVX85jE

Ѓорѓиевски: „Скопје ја памети цената на својата слобода и никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот“

Скопје | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје | пред 2 дена

media-library09d767havqm88wdv3fI

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје | пред 3 дена

media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања