Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-librarys2ota2db27739nWMHFP

Започна реализацијата на мерката за доделување бесплатни униформи на сите ученици од прва година во средните училишта на Град Скопје. Првата пратка пристигна во средното училиште „Раде Јовчевски – Корчагин“, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Униформите се изработени од 100 отсто памук, а според Ѓорѓиевски, мерката има цел да го олесни семејниот буџет и да ги намали видливите социјални разлики меѓу учениците.

Тој посочи дека секој ученик треба да има еднакви услови во училишната средина, без разлика на финансиските можности на семејството, и дека облеката не смее да биде причина за потсмевање, дискриминација или врсничко насилство.

— реклама —

Градоначалникот потсети и на другите вложувања во средните училишта во Скопје, меѓу кои опремување кабинети по информатика, набавка на дидактички материјали, интерактивна технологија, паметни табли, нови клупи и столчиња, како и уредување спортски терени и фитнес-зони.

— реклама —

Ѓорѓиевски порача дека поддршката за младите останува еден од приоритетите на градската администрација, нагласувајќи дека вложувањето во учениците е вложување во иднината на Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library81s7fcqs3c8g94BPft2

Некој се офајдил од нафтата во ЈСП, тврди Ѓорѓиевски

Скопје | пред 8 часа

— реклама —
media-library7rgo5fb75oqa39AWj3v

Нови машини за подно чистење во скопските средни училишта, Ѓорѓиевски најави и две нови училишта

Скопје | пред 3 дена

media-library7kbkbl83gih70F9lmze

По децении чекање, почна реконструкцијата на крак 38 од „Македонско-косовска бригада“

Скопје | пред 4 дена

media-libraryeoqtavflgv01fVX85jE

Ѓорѓиевски: „Скопје ја памети цената на својата слобода и никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот“

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања