„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде горд град!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce-gh-2

Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес положи цвеќе пред паметникот на загинатите борци кои животот го положија за слободата на Скопје.

Тој се осврна на историскиот момент и заслугата на партизаните за слободата која денес ја живееме, но и за обврската кон нив која ја имаме за Скопје повторно да биде убав град и поубаво место за живеење.

— реклама —

— реклама —

„Честит празник, граду мој! Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата.

— реклама —

Славиме еден јубилеј, славиме 80 години од моментот кога нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги.

Го славиме денот кога се развеа знамето на слободата над градот убав - СКОПЈЕ Е ОСЛОБОДЕНО!

И денес се поклонуваме на најзаслужните, на плејадата борци, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело. Секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата.

А ние, имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ветувам - ќе го дадеме и последниот атом од нас повторно да му дадеме нов, модерен лик и да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее.

Скопје го чекаат поубави времиња, тој повторно ќе биде горд град! Да живее слободно Скопје, да живее Македонија! - истакна Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

voda

Водата во Скопје е безбедна за пиење – сите анализи покажуваат усогласеност со стандардите

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје | пред 2 месеци

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryfmlfc1u59jm2fdsx0Ky

Во недела започнува тридневна „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода

Скопје | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања