Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Со 17 гласа „за“ и 7 „против“, Советот на Општина Кисела Вода го усвои Буџетот за 2026 година, во вкупен износ од 1.578.271.060 денари. Буџетот, како што беше истакнато, е подготвен транспарентно и во консултација со граѓаните, со силен фокус на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот во општината.

— реклама —

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, презентирајќи го буџетот пред советниците, нагласи дека отчетноста и транспарентноста биле водечки принципи во неговата изработка, при што дел од предлозите на граѓаните биле вградени во планот за 2026 година.

— реклама —

Во основниот Буџет, кој изнесува 864.233.262 денари, 57 отсто се наменети за капитални инвестиции. Средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на улици и коловози, унапредување на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води, како и за изградба и реконструкција на училишта и детски градинки. Дополнително, преку јавните повици на Владата, општината реализира 24 капитални проекти во вредност од 496 милиони денари, од кои поголемиот дел се во напредна фаза.

— реклама —

Буџетот предвидува и средства за заштита на животната средина, изградба на паркови и проширување на зелените површини, како и мерки за социјална поддршка, вклучувајќи субвенции за енергенси, помош за новороденчиња, матуранти и пензионери, како и поддршка за ученици со високи резултати во науката и спортот.

Со усвојувањето на Буџетот за 2026 година, Општина Кисела Вода, како што беше посочено, ја продолжува развојната политика со цел градење модерна и одговорна локална самоуправа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

УЈП се пофали со рекордна наплата во 2025, во буџетот се собрани над 4,4 милијарди евра

Македонија | пред 2 месеци

media-library07tv5rjhrsqnabX5H9g

Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypkhgie003kt68DUgg7b

Пецаков: „Охрид со рекорден буџет за инвестиции – нови патишта, инфраструктура и развој на градот“

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања