Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-library07tv5rjhrsqnabX5H9g

Советот на Општина Карпош, предводен од градоначалникот Сотир Лукровски, на својата шеста седница ги изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година. На дневниот ред се најдоа околу триесет точки, по кои советниците расправаа и донесоа валидни одлуки.

— реклама —

Со мнозинска поддршка беше усвоено Предлог-решението за именување претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година, како и Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Општинската изборна комисија – Карпош и избирачките одбори за ангажманот во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година.

Советниците ги поддржаа и 17-те годишни програми за работа на секторите и одделенијата на Општина Карпош за 2026 година, а по детална расправа беше изгласан и Буџетот за наредната година. Според образложението, Министерството за финансии го утврдило максималниот износ на сопствени приходи на основниот буџет на општината на 608.436.000 денари. Приходите од ДДВ за 2026 година се проценети на 28.978.000 денари, додека средствата од Владата на РСМ изнесуваат 615.020.279 денари. Со планираниот пренесен вишок од 80 милиони денари, вкупниот основен буџет на Општина Карпош ќе достигне 1.332.434.279 денари.

— реклама —

Консолидираниот буџет за 2026 година ќе изнесува 2.159.676.279 денари. Најголем дел од средствата, односно 69 проценти, ќе се обезбедат преку трансфери и донации, 26 проценти од даночни приходи, 4 проценти од неданочни приходи и 1 процент од капитални приходи. Во расходниот дел, најмногу средства – 790.930.279 денари или 36,6 проценти – се наменети за изградба на инфраструктурни објекти и подобрување на јавните услуги. За стоки и услуги се планирани речиси 400 милиони денари, додека за субвенции и трансфери се издвојуваат околу 119 милиони денари.

На седницата беше донесена и Одлука за формирање Штаб за заштита и спасување и Просторна единица за заштита и спасување во рамки на општината, со цел подготовка и преземање мерки за заштита на населението и материјалните добра од природни непогоди, несреќи и други кризни состојби.

Советот го усвои и Правилникот за методологија за распределба на блок-дотацијата за десетте општински основни училишта во Карпош за 2026 година, при што распределбата ќе се врши според основен трошок по ученик, преку основна и варијабилна компонента. Средствата ќе се префрлаат од Буџетот на РСМ преку Министерството за образование и наука.

„Зелено светло“ доби и Одлуката за организирање продолжен престој за учениците од IV одделение во општинските основни училишта, со обезбедување средства за ангажирање наставници за учениците кои и претходно посетувале продолжен престој.

Дополнително, советниците ја изгласаа Одлуката за прифаќање донација од КАМ ДОО Скопје во износ од 68.700 денари, наменета за околу 300 новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства на подрачјето на Општина Карпош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

УЈП се пофали со рекордна наплата во 2025, во буџетот се собрани над 4,4 милијарди евра

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Скопје | пред 2 седмици

media-librarypkhgie003kt68DUgg7b

Пецаков: „Охрид со рекорден буџет за инвестиции – нови патишта, инфраструктура и развој на градот“

Охрид | пред 3 седмици

media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања