„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Стаменкоска Трајкоска: Создаваме еднакви можности и подобра иднина за сите ученици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 дена -

Скопје
media-libraryt1b3hoglbsel6z2Gurj

Продолжува соработката меѓу Општина Кисела Вода, осумте општински основни училишта и општествено одговорни правни субјекти, која има за цел да им обезбеди поддршка на децата од семејства во социјален ризик. Оваа соработка се реализира во рамки на проектот „Грижа и сигурност за секое дете“, кој Општина Кисела Вода континуирано ќе го спроведува и во текот на учебната 2025/2026 година.

— реклама —

Во рамки на проектот, децата од социјален ризик имаат можност без никаков паричен надомест да посетуваат настава по странски јазици, информатика и програмирање, како и да бидат вклучени во различни спортски активности. Воспоставена е соработка со 14 спортски клубови (кошарка, фудбал, карате, одбојка, ракомет и кик-бокс), во кои во моментов тренираат 26 деца, како и со 6 училишта за странски јазици, што ги посетуваат 9 ученици, и 2 училишта за информатика и програмирање, со 4 ученици вклучени во наставата.

Овие активности беа тема на денешната работна средба меѓу градоначалничкат Бети Стаменкоска Трајкоска, претставниците на општинската администрација и директорите на општинските основни училишта, која претставува уште една потврда за континуираната заложба на Општина Кисела Вода за унапредување и заштита на правата на децата.

— реклама —

Во својата изјава, градоначалничката истакна дека Општина Кисела Вода континуирано инвестира во унапредување на наставниот процес, со цел секое дете да има еднаква можност за развој и напредок.

-Остануваме целосно посветени на создавање еднакви и подобри услови за образование и поголема достапност до современи образовни и спортски активности. Благодарни сме на сите општествено одговорни правни субјекти кои со својата поддршка и ангажман се значаен партнер на Општина Кисела Вода во оваа важна мисија- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypv8k09i09hokbMKMp0y

Новогодишни пакетчиња за децата од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец”, ДУРДМОВ „Димитар Влахов” и децата со оштетен слух и говор од ООУ “Кузман Јосифовски-Питу”

Магазин | пред 4 седмици

11.09.2025

Стаменкоска Трајкоска: Сета енергија и сиот фокус ќе ги ставам во насока на подобра Кисела Вода

Скопје | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања