Ѓорѓиевски: Верувам во поддршката од моите сограѓани, следува реорганизација на комуналната хигиена и голема генералка на градот Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
orce-gorgievski

Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје. Тој истакна дека како што се вложувал изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода така ќе продолжи и понатаму, со визија за решавање на сите проблеми кои ги има градот Скопје како нефункционалноста на комуналната хигиена, депониите и се она со кое се соочуваат граѓаните, се со цел за едно поубаво и почисто, зелено Скопје.

— реклама —

На почетокот на емисијата тој истакна дека умее и сака да работи за граѓаните, потенцирајќи дека ќе остане на зборот да градот Скопје го направи поубаво место за живеење, со што првично би го решил проблемот со нефункционалноста на комунална хигиена за почист и среден град како што доликува.

— реклама —

„На градот Скопје најмногу од се му недостасува ред, она коешто е базично и коешто прво ќе се зафатам да го работам тоа е да направиме генералка на градот, Скопје никогаш не бил по нечист од тоа што е денес, она што најмногу ги тишти нашите сограѓани со години наназад е состојбата со нефункционалноста на комуналната хигиена, така да ако бидам утре градоначалник на Град Скопје а верувам во поддршката од сите мои сограѓаните, прбо нешто со кое ќе се зафатам е реорганизација на комуналната хигиена и една голема генералка на главниот град“, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

Истакна дека сето она што го сработил изминативе четири години како градоначалник, е доволен показател за сериозноста искрените и чесни намери кои ги има за Скопје, наведувајќи дел од проектите кои ги има остварено во Кисела Вода, истакнувајќи дека со иста мера ќе се вложува и ќе даде се од себе, за да се смени состојбата во градот.

„Јас дадов се од себе, заедно со мојот тим изминативе четири години за да ја сменам состојбата во мојата општина и мислам дека успеавме сериозно во напредокот којшто го обезбедивме, еве утринава имавме отварање на еден објект нов, градинка во општина Кисела Вода каде што листите од над 450 дечиња на чекање ги сведивме на 20-тина во моментов но во наредниот период ќе се отворат уште две градинки нови“, вели Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека ќе понуди долгорочни решенија за проблемите со депониите и комуналната хигиена, притоа образложи модел кој е применет и се покажал како успешен во општина Кисела Вода, каде на местата на депониите се градат паркови и спортски комплекси, со што воедно се овозможува рекреација на граѓаните и почист воздух.

„Имав многу успешен модел во Кисела Вода на местата на депониите градиме современи паркови или пак спортски комплекси или онаму каде што имаше потреба паркинзи. Истото планирам да го воведам и во град Скопје, на Скопје му недостасуваат нови бели дробови, нови места каде што народот ќе може да се рекреира. Во првите месеци од мојот мандат проблемите ќе ги сведам на нула, односно ќе останат позади нас и ќе почне нормално да функционира комуналната хигиена“, заклучи Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarya1d5ulkd5lsgdFLmOqC

Ѓорѓиевски: Депонијата кај гробиштата Бутел се чисти по третпат, ќе бараме повисоки казни

Скопје | пред 1 ден

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Скопје | пред 1 ден

media-library7sujn196t63d8lAgr1J

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Скопје | пред 1 седмица

jsp

Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања