Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Во Скопје откриена биста на Махатма Ганди во присуство на претседателките на Македонија и Индија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryj2iv76ljm93a05PJSab

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, и на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје.

Ѓорѓиевски ѝ посака срдечно добредојде на претседателката Мурму, истакнувајќи дека поставувањето на бистата претставува траен потсетник на вредностите што ги застапувал Махатма Ганди – мирот, ненасилството, слободата, вистината и моралната храброст.

— реклама —

Тој нагласи дека настанот има посебна симболика затоа што се одржува во Скопје, родниот град на Света Мајка Тереза, посочувајќи дека и покрај различните животни мисии, Ганди и Мајка Тереза ги поврзуваат универзалните вредности на човечноста, љубовта, сочувството и грижата за другите.

— реклама —

Градоначалникот потсети и на солидарноста што светот му ја покажал на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, оценувајќи дека токму затоа градот и денес продолжува да гради мостови на пријателство, меѓусебна почит и соработка меѓу народите.

Според Ѓорѓиевски, откривањето на бистата на Махатма Ганди ќе придонесе за понатамошно зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Индија и ќе отвори нови можности за соработка во областа на културата, образованието, науката и поврзувањето на двата народа.

— реклама —

Тој порача дека новото спомен-обележје ќе остане траен симбол на мирот, човечноста и пријателството, како вредности што ги обединуваат народите без оглед на границите.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys2ota2db27739nWMHFP

Ѓорѓиевски: Почна поделбата на бесплатни униформи за сите ученици од прва година

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облачно со повремени врнежи од дожд, локално ќе наврнат над 25 литри на квадратен метар

Скопје | пред 3 дена

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 6 дена

media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања