Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорѓиевски: Започнува постапката за новиот Луна Парк во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarya1q8qgaei2l441JMAy7

Скопје конечно добива нов, модерен Луна парк. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска соопшти дека започнува јавната набавка за проектирање и монтажа на долгоочекуваниот забавен комплекс, со што се става крај на, како што вели, „години оддолговлекувања и лажни ветувања“.

— реклама —

Ѓорѓиевски во својата објава истакнува дека по децении во кои генерации деца беа лишени од свое место за игра и семејна рекреација, конечно започнува реализацијата на проект што треба да означи „нова ера на семејна забава во главниот град“.

— реклама —

Според најавите, новиот Луна парк ќе биде изграден според европски стандарди и ќе понуди ултрамодерни содржини: ролеркостери, водени атракции, интерактивни игри, зони со виртуелна реалност и современи системи за безбедност. Ќе биде целосно прилагоден и за лица со попреченост.

На просторот од 84.000 квадратни метри ќе бидат сместени и зони за одмор, улична уметност, локации за културни настани и театар со затворена сцена. Панорамско тркало, пиратски брод, подморница и „среќна лулашка“ се дел од реквизитите што ќе го збогатат изгледот и туристичкиот имиџ на Скопје.

„Како што ветив – најдоброто доаѓа. Скопјани конечно добиваат Луна парк што ќе биде симбол на нов почеток и едно модерно, гордо и достоинствено Скопје“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Скопје | пред 3 седмици

media-librarysf6djr6ekrv7cPPad2X

(Видео) Старите дискотеки заминуваат во историјата, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Скопје | пред 1 месец

media-libraryacnna9semak4fLReoac

По години чекање, Скопје за еден месец ќе почне со изградба на Луна паркот: се бара и враќање на парите за старите реквизити

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања