Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Жичницата на Водно нема да работи летово, постои ризик да се откачи гондолата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
zicnica-696x463

Жичницата на Водно нема да биде пуштена во употреба во текот на летниот период, откако извршените проверки покажале сериозни технички оштетувања и потенцијален ризик од откачување на гондолата, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој појасни дека иако објектот е во функција околу 15 години, досега не бил извршен целосен сервис од страна на производителот „Допелмаер“. По увидот на тим од австриската компанија, градските власти донеле одлука жичницата да остане затворена.

— реклама —

Жичницата беше затворена на 25 април, а првично од ЈСП „Скопје“, кое стопанисува со неа, било најавено дека ќе биде надвор од употреба само два дена. Сепак, по дополнителните проверки, одлучено е таа да не се пушта повторно во сообраќај.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, при увидот биле утврдени истрошени гумени делови, што предизвикувало триење на гондолите, како и нефункционални сензори, што претставува потенцијален безбедносен ризик.

— реклама —

ЈСП „Скопје“ во моментов очекува понуда од „Допелмаер“ за целосен сервис и проценка на трошоците, по што ќе се одлучува за понатамошните чекори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc1qdhv9fjae3fc2SoGd

Ѓорѓиевски: БРТ е едно од повеќето функционални решенија за градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryup4301a81e6e25w49u4

(Видео) Ѓорѓиевски: Распишан тендерот за предквалификација за брз автобуски превоз во Скопје

Скопје | пред 2 седмици

media-librarytdqo9uftd1429gAU7e7

Ѓорѓиевски: Жените се столб на нашата држава и незаменлива сила во демократскиот развој

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања