Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Главната плажа во Порторож затворена по излевање дизел-гориво во морето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
plaza-lezaljke-grcka
Илустрација

Главната плажа во словенечкиот приморски град Порторож утрово е затворена за посетители, откако во морето се излеало дизел-гориво од пловило закотвено во локалната марина.

— реклама —

Општина Пиран соопшти дека ветерот ја придвижува нафтената дамка кон брегот, поради што на граѓаните им е препорачано да не влегуваат во морето.

— реклама —

Началникот на Одделението за заштита на крајбрежното море при Управата за поморство, Роберт Шкроков, изјави дека ситуацијата е ставена под контрола. Според него, ветерот го насобрал горивото непосредно покрај плажата, но се очекува поголемиот дел од него да испари до петок.

— реклама —

Според првичните проценки, околу 60 литри дизел-гориво се излеале во морето околу 8:30 часот. Под влијание на северозападниот ветер, загадувањето се проширило кон брегот, поради што капењето не се препорачува долж целата плажа во Порторож.

— реклама —

Локалното комунално претпријатие „Околје Пиран“ превентивно ја затвори плажата и истакна црвено знаме, додека на терен се поставени апсорпциски бариери за да се спречи понатамошното ширење на загадувањето и да се собере излеаното гориво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library96v5rst2puce42n0jT7

Неколку дена трае потрагата по исчезнатиот 19-годишен планинар од Србија на Триглав

Балкан | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79u307dnpu67eS0Pubb

Нови камери на автопатите во Словенија: Забавувањето пред радарот повеќе нема да ве спаси од казна

Свет | пред 2 седмици

media-libraryh1p24huuef7gaJ63Xld

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари вредна 30 милиони евра

Свет | пред 3 седмици

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Возел во рикверц на словенечки автопат, двајца загинати, дете се бори за живот

Свет | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања